„Кроација ерлајнс“ од среда во штрајк

Од:

Пилотите, стјуардесите и авиомеханичарите на „Кроација ерлајнс“ на 8 август ќе стапат во штрајк, соопшти Организацијата на работниците од таа компанија – ОРЦА.

Тие тврдат дека немале друга опција бидејќи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ не им ги исполнил ветувањата.

На состанокот на претставниците на компанијата со Пленковиќ на 6 јули бил постигнат договор со ветување од премиерот дека набрзо ќе бидат обезбедени потребните услови, а првично ќе биде поставена нова и компетентна Управа со целосен мандат, со цел по речиси 20 месеци конечно да потпишат колективен договор.

Хрватската авиокомпанија од септември 2016 година нема Управа, досега се спроведени три конкурси, два се поништени, а последниот, иако е објавен уште во февруари, се уште не е заклучен. Со компанијата управува вршител на должност директор.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин