Во Кривопаланечко собрани 46 единици крв

Од:

Во текот на вчерашниот ден Општинската организација на Црвениот крст – Крива Паланка организираше две крводарителски акции во кои беа собрани 46 единици крв.

Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка, информира дека двете акции се традиционални и се одржуваат по повод Илинден на две локации во Крива Паланка и Ранковце, каде се организираат и двата најголеми народни собири на овој ден.

На акцијата во кривопаланечкото село Трново кај старото школо, собрани се 20 крвни единици, додека на акцијата во село Петралица, општина Ранковце, одѕивот бил поголем и собрани се 26 единици крв.

Двете акции се први овој месец, а планирано е во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, да се реализира уште една крводарителска акција, на 28 август, во манастирот Св.Јоаким Осоговски, по повод празникот Голема Богородица и чествувањето на патронот на манастирот.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски