Музеј до пештерата каде беа заробени децата и нивниот тренер

Од:

Почна изградбата на музеј, со кој ќе се оддаде почест на драматичното спасување на 12 деца и нивниот тренер и еден спасувач, кој загина во северната тајландска провинција Чианг Раи за време на спасувањето од пештерата Там Луанг.

Изградбата на музејот почна со традиционална будистичка церемонија во близина на пештерата Там Луанг, во која властите побараа благослов од локалните духови.

Се очекува изградбата на музејот да трае пет месеци и да чини 10 милиони бати (300.000 долари).

Парите за изградба на музејот се донација од тајландскиот уметник Чалармчаи Коситпипат. Тој наведе дека со музејот ќе им се одаде почест на мултинационалната соработка и на херојот што го жртвуваше својот живот.

Статуа на нуркачот Самарно Кунан, кој почина за време на спасувачката акција, ќе биде поставена пред музејот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач