Моторциклист повреден во сообраќајка во Струга

Од:

Едно лице е повредено вчера во сообраќајна незгода меѓу автомобил и моторцикл во Струга.

Како што соопшти денеска СВР Охрид, во 16 часот и 30 минути било пријавено дека на улицата „Боро Калајџиески“ се случила сообраќајка меѓу патничко моторно возило „Форд Ескорд“ со охридски регистерски таблици, управувано од Н.Г.(55) од Струга, и моторцикл „Даелим“ со струшки регистерски таблици управуван од А.Б.(41) од Струга.

– Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде лекар констатирал тешка телесна повреда, рече портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски