Штип распиша оглас за Програмата за општокорисна работа

Од:

Општина Штип и годинава е дел од Програмата за општокорисна работа. Раководителот на Секторот за јавни дејности во општина Штип, Билјана Казанџиска на денешната прес-конференција рече дека со оваа програма ќе бидат опфатени вкупно 10 невработени лица кои ќе работат со скратено работно време во период од девет месеци.

– Право на учество во Програмата имаат сите невработени лица. Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање образовни асистенти – пет извршители, со завршено високо образование од областа на педагошките студии, наставни профили, педагогија, психологија и дефектологија, потоа негуватели во детски градинки вкупно тројца извршители со завршено средно образование и негуватели за потребите на Дневниот центар за деца со аутизам, вкупно двајца извршители со завршено средно образование, рече Казанџиска.

Таа додаде дека за кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата е предвиден паричен надомест во висина од 9.000 денари месечно.

Заинтересираните лица пријави за програмата можат да поднесат во Агенцијата за вработување во Штип од 1 до 14 август годинава, а огласот ќе биде објавен на официјалната интернет страница на општина Штип, на огласната табла во Агенцијата за вработување и во Центарот за социјални работи-Штип.

Програмата за општокорисна работа се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, УНПД и општина Штип.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип