Северна и Јужна Кореја изразија разбирање за разоружување во т.н. Заедничка безбедносна зона во демилитаризираната област, јави Јонхап.
На директни преговори, први по 14 јуни, спроведени меѓу воени делегации на високо рамниште постигната е и согласност за ексхумирање на останките во демилитаризираната зона и за пробно повлекување на пограничните патроли.
Средбата беше дел од мерките за враќање на довербата, договорени на средбата на двајцата претседатели во април, и дел од пошироките активности координирани со Вашингтон.