Три лица осомничени за бомбата фрлена во двор од куќа во Куманово

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица во врска со случајот со фрлената експлозивна направа во двор од куќа во Куманово на 27 мај, годинава.

Како што соопштуваат од МВР, поднесени се кривична пријава против С.Т. (49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, против И.Ш.(53) од село Оризари, општина Липково за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и против С.А. од село Оризари, општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“.

– На почеток на мај 2018 година во кафе бар во Куманово првопријавениот С.Т. побарал од второпријавениот И.Ш. да договори со трето лице, за паричен надомест од 1.000 евра, лицето да фрли експлозивна направа-бомба, во двор од куќата на Д.Г. од Куманово. После тоа, С.Т. на И.Ш. му ја дал експлозивната направа – бомба, по што тој му ја дал на С.А., кој на 27.05.2018 година околу 03.30 часот ја фрлил експлозивната направа во дворот од куќата на Д.Г. на ул. „Славиша Вајнер” во Куманово, наведуваат од МВР.

С.А. е приведен и од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност