Шангај Шенхуа, кинескиот фудбалски клуб чиј член до пред неколку дена беше Дидие Дрогба, бурно реагираше на трансферот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска во Галатасарај.
Кинезите тврдат дека 34-годишниот Дрогба немал право да потпише за друг клуб, поради тоа што има важечки договор со Шангај. Според тој договор напаѓачот не е слободен играч и не може без согласност на управата да игра во друга екипа.
Од Шангај најавуваат жалба до ФИФА и барање да се поништи договорот на Дрогба со Галатасарај и негово враќање во Кина.
Дидие Дрогба пред три дена потпиша 18-месечен договор со Галатасарај, а како причина во кинеските медиуми беше наведена финансиската криза во која западна Шангај и неубедливите игри на играчот од нападот по неговата преселба на азискиот континет.