Поразителни бројки: Само 0,56% од обработливото земјиште отпаѓа на органско производство

Од:

Само 0,56 отсто од обработливото земјиште во Македонија во моментов отпаѓа на растително органско производство, а проекциите до 2020 година, согласно стратегијата за рурален развој, се четири проценти.

Овие бројки, како што беше речено на денешната промоција на најновата студија за органско прозиводство, се поразителни и покрај интензивните политики и активности на речиси сите засегнати страни во секторот.

Во сточарството состојбата е нешто поинаква. Лани 3,57 отсто од производството било органско што е речиси четири проценти, колку што изнесува и проекцијата за 2020 година.

– Од 2013 до 2017 година има удвојување на животните и пчелите во органското производство. За разлика од тоа, површините се намалуваат. Охрабрувачки е што расте бројот на фармери и во моментов изнесува 680, но загрижува тоа што фармите за органско се намалуваат, а тоа не зборува дека расте нивната конкурентност, туку напротив, дека се намалува, рече Александар Николов од Асоцијацијата „ЗЕНИТ“.

Организацијата на потрошувачи (ОПМ), укажа на потребата од следење на најновата европска регулатива за органско поризводство што беше донесена во мај годинава, а ќе почне да се спроведува од 1 јануари 2021 година. Регулативата предвидува низа олеснување, за производителите меѓу кои групно сертицифирање што ќе овозможи и пониски трошоци, мешани фарми-за органско и конвенционално производство, како и избегнување на годишните контроли односно нивно спроведување на секои две години.

– Практично се рационализира регулативата за поголем степен на премин од конвенционално во органско производство, истакна Маријана Лончар Велкова од ОПМ.

На денешната промоција на студијата „Органската храна поблиску до потрошувачите“, беше нагласена потребата од здружување на органските производители, поагресивна кампања на нивните производи, како и обезбедување посебни тезги на зелените пазари и посебни места во маркетите со цел поголема видливост на органските производи за потрошувачите.

– Светските искуства покажуваат дека подем на органското производство настанува кога производите ќе станат стока за широка потрошувачка, односно кога ќе дојдат до маркетите и пазарите, порача Николов.

Една од препораките беше и дека е неопходен ажуриран, систематизиран регистар на органски производители и компаративно тестирање на производите.

Став на производителите е дека националните планови и стратегиите за органското производство не треба да се прават во канцеларија, со минимално учество на производителите, туку со комплетна проценка и земање во предвид на состојбите од терен.

Некои се пожалија на неможноста да аплицираат за субвенции зашто на своите фарми покрај органско имаат и конвенцнално производство.

Претставникот од Државниот инспекторат за земјоделство ја истакна потребата од поголема поддршка на малите производители за сертицифирање на нивните производи.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници