Дводневен кошаркарски камп со „Јаковлевски Про-баскетбол“ во Крива Паланка

Од:

Шеесетина деца, кошаркарки и кошаркари, од кошаркарскиот клуб „Крива Паланка” беа дел од дводневниот тренинг-камп што го реализираше клубот со елитниот индивидуален кошаркарски тренер од Скопје Ивица јаковлевски.

– Поискусните и оние од помала возраст работеа вежби и елементи соодветни на нивната стручна подготвеност и вештини, а имаа прилика работејќи со реномираниот индивидуален тренер да усовршат напредни вежби за подобрување на техничките перформанси неопходни за секој добар играч кој ќе придонесе екипата во која ќе настапува во МКФ натпреварувањата оваа кошаркарска сезона да биде по конкурентна и да постигне значајни резултати, информираат од КК „Крива Паланка“.

Јаковлевски рече дека секогаш постои можност за напредок кај секој играч, како и секој човек, воопшто. Важна е мотивацијата, како и заложбата во остварување на целите.

– Работењето на подобрување индивидуални перформанси на играчите е моја специјалност, работам со професионалци, сениори, но и со млади играчи, во и надвор од Македонија, најмногу во Русија, Украина. Презадоволен сум од пристапот, организацијата и агилноста на сите инволвирани во овој дводневен камп, станува збор за млади играчи, но меѓу нив, несомнено, веќе се наѕираат бројни таленти. Упорноста, посветеноста и вредната работа сигурно им го гарантираат напредокот, само треба да продолжат да се надградуваат, изјави Јаковлевски.

Учесниците на тренинг-кампот ги посети и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, кој ја поздрави работата на клубот од градот, чии играчи во моментот, петмина кошаркарки и кошаркари, се во процесот на преставување на државните младински кошаркарски репрезентации.

– Многу е големо задоволството да се види со колкава посветеност работат тренерите, управата на клубот, и чест ми е што Андреј Јакимовски и Никола Анастасовски во моментот ги оранат боите на Македонија на Евроспкото првенство за млади до 18 години, Б-дивизија во Скопје. Имав прилика и да ги бодрам, да ја погледнам нивната игра. Со напорна работа и труд, сигурен сум дека и во овие дечиња има идни репрезентативци, рече Мицевски.

Соработката на „Јаковлевски Про-баскетбол“ со кошаркарски клуб „Крива Паланка“ ќе продолжи, а од клубот посочија дека летото, кое во голем дел е работно, било едно од најактивните во досегашното 11-годишно постоење на клубот, најавувајќи големи планови за претстојната 2018/19 кошаркарска сезона.

Би можело да ве интересира

Евролигата ги објави кандидатите за МВП титулата: Реал има еден претставник

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Втора сезона од зимската баскет 3×3 лига

А1он

Утре втор турнир во зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска

Утре почнува зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска

Во Кисела Вода се одржа турнир во Баскет 3×3

Ана Ололовска