Нов „ајПад“ со 128 гигабајти меморија

Од:

Американската компанија „Епл“ на 5 февруари ќе го лансира на пазарот новиот „ајПад 4“ со 128 гигабајти меморија.

Новиот апарат е идентичен на постоечкиот, четвртата генерација, само што ќе има поголема меморија. Досега овие апарати имале 16, 32 или 64 гигабајти меморија.

Потпретседателот за глобален маркетинг на „Епл“ Филип Шилер изјави дека со двојно поголемиот капацитет на меморијата и со повеќе од 300.000 домашни апликации, претприемачите, интелектуалците и уметниците ќе имаат уште повеќе причини да го користат „ајПадот“ за своите деловни и лични потреби.

Новиот „ајПад“ има и нова цена, па Wi-Fi моделите ќе чинат 799 долари, додека верзиите кои поддржуваат и LTE ќе чинат 929 долари, што ги прави да бидат најскапи на пазарот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска