Во Македонска Каменица почна чистењето на сите постоечки базени за вода за пиење, водоводни линии и извори. Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова вели дека целта е секое домаќинство во урбаниот дел, но и руралните средини да добијат чиста и здрава вода за пиење
– Веќе се започна со целосно испуштање и темелно чистење на базенот во Стара Каменица, а по завршување на овие активности, ќе следува поставување на нови филтер слоеви, осигурување на зафатите и базените за вода и поставување на автоматски хлоринатори. Со превидените активности на општина Македонска Каменица, покрај главната градска водоводна мрежа, ќе бидат опфатени и сите постоечки водоводни линии од јавен карактер во селските средини, истакна Стаменкова.
Со новите методи за прочистување на водата во селските средини ќе се избегне ставањето на поголеми количества на хлор. Оваа активност се спроведува од страна на Општина Македонска Каменица и комуналното претпријатие „Камена Река“.