Францускиот производител на автомобили Цитроен подготвува нова генерација на моделот Ц4 Гранд Пикасо, кој ќе биде претставен кон крајот на годината, а во продажба се очекува во 2014 година.
Фотографите на магазинот „worldcarfans.com“ направија неколку фотографии на Ц4 Гранд Пикасо за време на неговото зимско тестирање.
Моноволумецот со седум седишта ќе биде придвижуван од добро познатите 1,6 литарски ХДИ мотор со 90 о 110 коњски сили и поголемиот 2,0 литарски ХДИ мотор со 150 коњски сили.
Од бензинските мотори достапни ќе бидат ВТИ моторот со 95 и 120 коњски сили и ТХП моторот со 155 коњски сили разработен во соработка со германската компанија БМВ.
Ц4 Гранд Пикасо ќе добие и подобрен hybrid4 систем, познат од моделите ДС5 и Пежо 2008.