Седуммина загинати при напад во џамија во Нигерија

Од:

Седум лица загинаа, а седум други се ранети денеска кога бомбаш самоубец активирал експлозивна направа во џамија во градот Кондуга во северозападниот дел на Нигерија, јави ДПА.

Нигериската Национална агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА) соопшти дека нападот бил извршен за време на одржување на молитва во џамијата.

Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, што се случи во регон во кој дејствува исламистичката група Боко Харам.

Групата се залага за создавање исламиска држава на териториите на северна Нигерија и делови од соседните земји Чад, Нигер и Камерун, каде често извршува напади.

Во напади на Боко Харам од 2009 година, па досега, загинаа десетици илјади лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он