Кинеските астронаути извршија успешно спојување на својот брод со експерименталниот вселенски модул, најнов потфат во кинеските амбициозни напори за изградба на вселенска станица.
Бродот Шенџоу-9, со тричлениот екипаж во кој има и жена, кои полетаа околу Земјата во саботата, се споија со модулот. Државната кинеска телевизија спојувањето го пренесуваше во живо.
Ова е прв пат кинеските астронаути да преминат од еден во друг брод во вселената.
За време на двонеделната мисија астронаутите ќе работат и ќе спијат во пробниот модул, кој според медиумите, има и велосипед за трегинг и видео телефонска говорница.
Кина има цел со мисијата да создаде да има постојаната вселенска станица во орбитата до 2020 година.