Рафаел Надал се согласи да се појави во една од епизодите на мексиканската верзија на популарната ТВ серија „Озборувачка”.
– Зборувавме со луѓето на Надал и постои интерес за соработка. Рафа ќе биде кај нас во текот на турнирот Алапулко Опен од 25 февруари до 2 март и кога обврските ќе му дозволат, ќе ги сними своите сцени – изјави за мексиканските медиуми главниот продуцент Педро Торес, но не сакаше да открие каква ќе биде улогата на Надал.
Тој веќе има искуство пред камерите во спотот на Шакира за песната Gipsy.