Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска мексиканскиот главен град Мексико Сити, при што голем број жители ги напуштија своите домови и бизнис објекти.
Засега нема информации за повредени или за материјална штета.
Епицентарот на потресот бил во близина на градот Вахуапан де Леон во јужната мексиканска држава Вахака на длабочина од 55 км. Земјотресот бил регистриран околу 8:30 по локално време (13:30 по Гринич).