На донаторска конференција за Мали беа собрани 455 милиони долари донации кои ќе бидат наменети за покривање на воените потреби, но и за хуманитарни потреби за државата. Тоа го објави Рамтане Ламамра комесар за мир и стабилност во Африканската унија.
На конференцијата беа направени и ветувања за дополнителна материјална помош под формата за воена опрема и обука на војници, но вредноста на тие донации се уште не е конкретна. На конференцијата во Адис Абеба учествуваа педесетина држави и меѓународни организации.