Филхармонијата в четврток ќе го изведе третиот концерт од циклусот „Кирилица“

Од:

Македонската филхармонија задутре ќе го изведе третиот концерт од циклусот „Кирилица“, под водство на диригентот Борјан Цанев.

Како солисти ќе настапат истакнатите македонски кларинетисти Здравко Ангелов и Игор Бакревски, кои ќе ги изведат Концертната пиеса за два кларинета и оркестар бр. 1 на Феликс Менделсон и пиесата „Средба“ за два кларинета и оркестар на Алмикаре Понкиели.

Филхармонијата на концертот ќе ги изведе и Увертирата кон операта „Лоенгрин“ од Рихард Вагнер, со што ќе го почне празнувањето на 200-годишнината од раѓањето на овој значаен композитор, како и Варијациите и фуга на тема од Хенри Персел од Бенџамин Бритн, во чест на 100 години од раѓањето на Бритн.

Светска праизведба на концертот ќе има и делото Варијации за симфониски оркестар од младиот македонски композитор Дамјан Темков.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска