Светската титула ќе доведе до раст на потрошувачката и БДП во Франција

Од:

Победата на Франција на Светското првенство ќе обезбеди дополнителни 0,2 проценти зголемување на потрошувачката во земјата во 2018 година. Ова го предвидува светскиот лидер во комерцијалното кредитно осигурување „Euler Hermes“. Според проценките, зголемувањето на потрошувачката ќе се зголеми од проектираните 1,1 на 1,3 отсто. Исто така, ќе доведе до раст на БДП на земјата од предвидените 1,8 на 1,9 отсто во 2018 година.

Светското првенство, исто така, ќе има позитивен ефект врз економијата на домаќините од Русија. Според прогнозите на аналитичарите на „Euler Hermes“ поради дополнителни инвестиции во инфраструктура и приходи од туризмот земјата додава 0,1 процент кон растот на БДП во 2018 година, по што тој ќе достигне 1,9 отсто. Вложувањата во нова инфраструктура, кои се проценуваат на 760 милијарди рубљи, пак биле фактор за лесен раст на економијата во 2017 година, откако додале околу 0,2 проценти.

Сличен е ефектот врз економијата на претходните домаќини од Бразил. Иако имаше повеќе очекувања, големите спортски настани – Светското првенство во фудбал во 2014 година и Олимпијадата во Рио 2016, додадоа само 0,2 процентни поени кон растот на БДП во 2014 и во просек околу 0,1 процентни поени во наредните две години. Тие имале посериозен ефект врз инфлацијата во земјата.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето