Трамп: Го мислев спротивното кога зборував за вмешаноста на Русија

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп, кој се соочува со многу критики за својот настап на самитот во Хелсинки со претседателот на Русија Владимир Путин изјави денеска дека погрешно се изразил кога рекол оти не гледа причина зошто Русија да се меша во претседателските избори во 2016 година.

Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека мислел да го каже спротивното – дека не гледа причина зошто Русија не би била одговорна.

Трамп додаде дека има целосна доверба во разузнавачките агенции на САД и дека ги поддржува и нагласи дека го прифаќа нивниот заклучок дека Русија се мешала во изборите.

Тој, сепак, рече дека руските акции немале влијание на исходот од гласањето и порача дека администрација „агресивно ќе работи” да ги заштити изборите за Конгресот во ноември 2018 година.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски