Општина Гази Баба доби грант од УНДП во вредност од 30 илјади евра, за изградба на нов дневен центар за деца со посебни потреби.
Според градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој е и претседател на Скопски плански регион, со овие средства, значително ќе се подобрат условите во дневните престои за децата од ранливите категории.
Покрај ова, денеска беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Советот на Скопски плански регион и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Меморандумот предвидува искористување на искуствата за развој на зацртаните проекти на сите 18 општини во Скопско планскиот регион.