• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

АВМУ ќе распише конкурс за верско радио во општина Струмица

by А1он16/07/2018 - 15:36290
Share0

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) донесе одлука за објавување јавен конкурс за непрофитно радио кое ќе емитува програма со верска содржина за христијанското население на македонски јазик за територијата на Општина Струмица. Ова е првпат Советот на АВМУ да даде дозвола за медиум што речиси целосно ќе има програма со верска содржина.

Добивај вести на вибер

Како што беше истакнато на денешната седница, до нив биле доставени две барања и тоа од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од организацијата Марија Македонија за радио фрекфенција за емитување ваква програма. АВМУ направила студија за тоа дали има потреба за тоа, додека АЕК известила дека на територија на Општина Струмица има слободна фрекфенција. Врз основа на ова денеска Советот на АВМУ изгласа одлука за објавување јавен конкурс за непрофитно радио кое ќе емитува програма со верска содржина за христијанско население на македонски јазик за територијата на Општина Струмица.

Миљаим Фетаи, член на Советот на АВМУ ја поздрави одлуката за медиум што целосно ќе емитува програма со верска содржина, која е прва ваква и е законска.

– И во минатото сме имале вакви брања и сме одлучувале така како што сме одлучиле, но со оваа дозвола можеби ќе имаме барања и од други верски заедници, рече тој.

Јавниот оглас ќе биде објавен во два дневни весника деновиве.

На седницата, Советот на АВМУ донесе одлука да ја прекине постапката за постоење недозволена медиумска концентрација по службена должност за АЛФА ТВ бидејќи новиот управител на телевизијата ги отстранил пречките.

Членовите на АВМУ донесоа и одлука за изработка на Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радиоемитување на државно ниво. Се работи за радио кое би емитувало програма претежно на албански јазик.

strumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:2824/12/2025 - 11:44

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:3124/12/2025 - 11:26

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен