Ѓорчев се сретна со претседателот на германскиот Бундестаг Волфганг Шојбле и со претседателот на ЕПП Џозеф Дол

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на својот претстој во Берлин се сретна со претседателот на германскиот Бундестаг Волфганг Шојбле.

За време на средбата Ѓорчев се заблагодари на гостопримството на германскиот Бундестаг за ПС на ОБСЕ, како и за долгогодишното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ како сестрински партии.
Воедно тој оствари средба со претседателот на ЕПП Џозеф Дол, кој го водеше состанокот на пратеничката група на ЕПП при ПС на ОБСЕ.

Како меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев се заблагодари на претставниците на останатите сестрински партии за поддршката во која пратеничката група на ЕПП при ПС на ОБСЕ преку официјална изјава остро го осудува политичкиот прогон во Македонија и се бара ослободување на политичките затвореници, како и одговорност за вооружениот упад на полицијата во домовите на пратениците и нивното приведување без симнување на нивниот законски и уставен имунитет.

Би можело да ве интересира

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

А1он