ВИДЕО: Нестабилна личност и политички камелеон за градоначалник на Македонски Брод?

Од:

„Милосим Војнески бараше и со мене да се сретне и да бара поддршка за втор мандат за градоначалник на Македонски Брод. Сакаше да ми каже дека е голем вмровец и ако го поддржам за градоначалник ќе биде уште поголем. Му порачав да си тера работа оти јас не можам да поддржам таква нестабилна личност“.

Вака пред 4 години премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ говореше за Војнески, истиот човек кој сега ја бара и најверојатно ќе ја добие, но овој пат со амин на ВМРО-ДПМНЕ, а како човек од СПМ, поддршката за по трет пат да седне во градоначалничката фотелја.

И самиот Груевски пред 4 години кажа дека Војнески во 6 години сменил 5 партии, пред избори трча од партија во партија, и дека ништо не направил за Македонски Брод.

Сега самиот во интервју за „Нова Македонија се фали дека ќе брка трет мандат бидејќи го преродил градот и покрај проблемите со парите.

Граѓаните, од кои го добивме видеото прашуваат како се доделуваа концесиите за каменоломи во Општина Македонски Брод , колку наплаќа Општината Македонски Брод од овие наводни концесионери, каде завршија донациите за рурален економски развој, каде е изградбата на водоводните мрежи, што стана со фабриките?

Сакаат за ова да го потсетат и Груевски, но и на неговите зборови за Војнески пред 4 години.

Велат дали нестабилна личност и политички камелеон ќе ни ставите за градоначалник?

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука