Таблет компјутерите заземаат се поголем дел на пазарот, па оваа година ќе бидат испорачани 145 милиони од овие апарати ширум светот.
За растот ќе придонесе комбинацијата од нови корисници, поголем избор на пристапни апарати, како и нивна поголема употреба во бизнис секторот, наведува компанијата „АБИ Рисрч“.
Претставникот на „АБИ Рисрч“, Џеф Ор смета дека стапката на иновација се намалува со проширувањето на понудата од страна на производителите со цел да се одговори на барањата на корисниците.
Најголем интерес за таблетите постои во Северна Америка, која, според проценките, ќе преземе околу 50 отсто од сите испораки.
Неодамнешни медиумски извештаи ги наведуваат таблетите како главна причина за „исчезнувањето“ на читателите на електронски книги, иако студијата на АБИ покажала дека таблетите немаат многу врска со тоа.