Се изработува документацијата за прогласување на Лесново за „Гео парк“

Од:

Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) работи на изработка на Проектна програма за прогласување на Лесново за „Гео парк“. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека во изработката се вклучени и експерти.

– Вклучени се експерти кои ја знаат таа проблематика, да помогнат во изработката на таа Проектна програма, за да може да се направи апликацијата, која што треба да се поднесе и да може да почнеме со активностите за прогласување „Гео парк“ Лесново, вели Здравева.

Таа истакна дека изработката на оваа документација треба да заврши до крајот на летните одмори. Лесново ќе биде првиот гео парк во земајва под заштита на УНЕСКО. Просторот со раритетните форми и траги на вулканизам веќе го посетиле стручњаци од други вакви паркови во Европа. Општина Пробиштип и локалното население во Лесново прогласувањето на просторот околу нив за Гео парк сметаат дека со ова ќе имаат голем бенефит за развојот на туризмот.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор