Поранешниот полски фудбалер Јержи Брзечек е именуван за нов селектор на таа земјата по неуспехот на Светското првенство во Русија.
Брзечек кој беше капитен на репрезентацијата во 90-тите, доаѓа на местото на Адам Навалка по елиминацијата во групната фаза на Мундијалот.
Полска на СП загуби од Сенегал (1:2) и Колумбија (0:3), а ја совлада Јапонија (1: 0).
На селекторската позиција Брзечек доаѓа од клубот Висла Плоцк, додека ги водеше и Катовице, Лех и Раков.
Беше дел од олимпискиот тим кој освои сребрен медал на ЛОИ во Барселона. Има вкупно 42 настапи з анационалниот тим.