Ќе се гради канализација во Просениково и Дабиле, Струмичко

Од:

Советот на општина Струмица на денешната 12-та седница донесе одлука за почеток на изградба на канализациски системи во селата Просениково и Дабиле.

Изградбата треба да почне за 2 – 3 недели, а системите треба да бидат завршени во наредните 12 месеци. Вкупната инвестиција изнесува 500 илјади евра обезбедени преку грант, а општината ќе учествува со 3,8 милиони денари.

Најмногу расправа кај советниците предизвикаа извештајот за работа на ЈПКД „Комуналец“ за првите три месеци од оваа година, одлуката за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во јавното претпријатие и одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење за периодот од 2018 до 2020 година. За нив советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано и против.

Советот донесе одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектот за „Економска валоризација на културната и алтернативната туристичка понуда на Цареви Кули во туристичката дестинација Струмица“.

Со проектот, за кој аплицира општината во износ од над 61 милиони денари, се планира заокружување на изградбата на ѕидините на локалитетот Цареви Кули, како и изградба на повеќе пристапни патеки, објекти и други содржини.

Членовите на Советот на општина Струмица за регулирање на статусот на безправно изградени објекти донесоа повеќе одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за проширување на плански опфат за катастарски парцели и усогласување на намената на градежно земјиште.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите