Општина Струга со апел до граѓаните за превенција од пожари

Од:

Поради високите температури Општина Струга апелира граѓаните да внимаваат кога работат со машини или електроника, која може да предизвика пожар.

Од општината порачуваат да не се користат импровизирани и непрофесионално опремени кабли за електрични инсталации, да не се оставаат вклучени електричните апарати во кујна, бидејќи може да предизвикате пожари и со тоа да се доведе во прашање безбедноста на нивниот имот, имотот на соседите, особено нивната безбедност и безбедноста на нивните блиски.

За намалување на ризикот од пожар, Територијалната против пожарна единица – Струга апелира до сите граѓани да не палат оган на отворени места, да не фрлаат стакло, стаклени шишиња и друг отпадок од стакло, да не палат отпад и други запалливи материјали и да не фрлаат отпушоци од цигари.

Тие потсетуваат и на обврската на граѓаните доколку забалежат пожар во отворени средини да пријават до надлежните институции во најкраток можен рок на телефонскиот број 193.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра