(ВИДЕО) Мицкоски: Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО

Од:

„Кога доаѓаа на власт пак беа најгласни дека додека немало правда немало мир, не се колебаа да ги злоупотребат семејните и другите лични трагедии. И не им беше тешко да уриваат, да уништуваат. Да деградираат цел еден систем. Отровот кој се посеа во општеството предизвика омраза, завист и нетрпеливост. Ветуваа чуда. А сега кога се на власт молчат за неправдите, ладнокрвните убиства ги третираат како статистичка евиденција во црните билтени, за владата тоа се обични насилства а не свирепи убиства“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Животот, личните трагедии, зацрнетите семејства не им се така атрактивни и важни како порано, нема да чуете анализа за тоа дека луѓе умираат во ходниците во болниците, додека пак здравството се уште е недопрено од животот кој толку многу го ветуваа.

Нема да чуете ниту за тоа дека има недостиг на инкубатори за бебиња во Гинеколошко акушерската клиника, за тоа дека плаќаме највисока цена на бензин, дека од сиромаштија умираат луѓе, за тоа дека над 800 криминалци ослободија, дека престрелките и физичките насилства се болното секојдневие кое што го мачат секој родител, секој еден човек.

Се е поинаку од удобните кабинети и скапо платената пропагандна машинерија која забревтува пред налетот на суровата реалност која не може да се сокрие. А одговорност, одговорност нема ни случајно.

Нема затоа што немаат образ, ниту чест и достоинство. За власта зборот, не е збор, ниту делата реалност. Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО. А нема затоа што имаме неспособна влада. Мора да престанат поразите, а одговорот за тоа е секој еден од вас.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори со сите свои сили против ова зло кое што го живее секој еден граѓанин.

Затоа и ќе продолжиме да протестираме и ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек Сашко Гешковски до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот.

Македонија ќе победи, Македонија се буди. Ве чекаме, придружете ни се!“, повика Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски