Владата на Чешка доби доверба во Парламентот

Од:

Со 196 гласа „за“ и 92 „против“, Долниот дом на чешкиот Парламент по 16 часа седница и изгласа доверба на новата левоцентристичка малцинска Влада на Андреј Бабиш.

Владата, во која учествуваат политичкото движење „Акција на незадоволните граѓани” и Чешката социјалдемократска партија, беше одобрена со помош на гласовите на Комунистичката партија на Чешка и Моравија.

За првпат од падот на Железната завеса во 1989 година во Чешка на власт доаѓа Влада со поддршка на комунистите.

Центристичкото популистичко движење на Бабиш, кој е вториот по богатство човек во земјата, основач на компанијата за земјоделство и прехранбена индустрија „Агроферт“, која ги контролира двата најголеми весници во Чешка, победи на парламентарните избори што се одржаа во октомври 2017 година.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница