Во Крива Паланка денеска се одржа работилница за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост.
Работилницата е дел од регионалниот проект за промоција на родово одговорно буџетирање со главна цел зајакнување на капацитетите на општинската администрација и на Советот на општина Крива Паланка за креирање родово одговорно буџетирање и унапредување на родовата еднаквост.
Проектот се реализира во соработка и координација со Канцеларијата на „UN Women“ од Скопје застапувана од менторката за родово одговорно буџетирање Кристина Хаџи Василева и координаторката за еднакви можности на жените и мажите од општината, Лидија Митовска.
Според Митовска, родовото одговорно буџетирање претставува процес низ кој треба да се создаде еднакво општество, во кое распределувањето на финансиските средства е на поправеден начин.
– Токму тоа е алатка што треба да се спроведе во практиката и да стане реалност во нашите локални заедници и во државата, изјави Митовска.