Општина Крива Паланка започна со активностите во процесот на родово одговорно буџетирање

Од:

Во општина Крива Паланка, денес се одржа работилница за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост, која е во рамките на регионалниот проект за промоција на родово одговорно буџетирање.

Овој проект има за цел зајакнување на капацитетите на општинската администрација и на Советот на oпштина Крива Паланка за креирање родово одговорно буџетирање и унапредување на родовата еднаквост.
Проектот се одвива во соработка и координација со канцеларијата на UN Women од Скопје застапувана од менторката за родово одговорно буџетирање, Кристина Хаџи Василева и координаторката за еднакви можности на жените и мажите од општинската, Лидија Митовска.

Тема на денешната работилница беше, родовата еднаковост и носењето на одговорни политики, на која се дискутираше за родовиот идентитет, родовите улоги, за родова социјализација, родови стереотипи, родова рамноправност и родова интеграција, како и за принципот на недискриминација, кој е камен темелник за промоција на родовата рамноправност.

Родово одговорното буџетирање претставува процес низ кој треба да создадеме еднакво општество, во кое ги распределуваме финансиските средства на поправеден начин, тоа е алатка што треба да се спроведе во практиката и да стане реалност во нашите локални заедници и во државата.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски