Заев апелира на воздржаност од говор на омраза и разгорување нетрпеливист

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска упати апел за воздржување од говор на омраза и разгорување нетрпеливост по смртта на дваесет и едногодишниот Никола Саздовски, кој на 29 минатиот месец физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје.

– Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост. Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните, наведе Заев на својот фејсбук профил.

Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме, порачува Заев, изразувајќи сочувство до семејството на младиот Саздовски.

Саздовски им подлегна на повредите од нападот вчера изутрина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски во врска со нападот врз Саздовски вчера изјави дека насилникот е насилник, без разлика на неговата етничка припадност, потенцирајќи дека во државата постојат закони, функционира правната државата и одговорните за нападот ќе одговараат пред законот.

Ангеловски упати апел да се прекине со практиките на гледање на нештата од етнички аспект и информира дека МВР експресно го расчистило случајот, сторители се приведени и одредена им е мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава