Mинистерот Бесими ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими денеска ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа –SHAPE во Монс, Кралство Белгија.

По повод посетата на Бесими, соопшти Министерството за одбрана, во рамки на SHAPE беше организирана висока официјална церемонија за пречек со гарда и рапорт од страна на командата на НАТО.

Министерот Бесими, како што се наведува, оствари и официјална средба со врховниот командант на сојузничките сили – Европа, адмиралот Џејмс Ставридис. Клучна тема на средбата беше пост – 2014 Авганистан, плановите на Алијансата по завршувањето на ИСАФ мисијата, како и планираниот придонес на Република Македонија во поддршка на понатамошна демократизација на авганистанското општество.

Адмиралот Ставридис уште еднаш ја потврди благодарноста на НАТО за континуираниот значаен придонес на Република Македонија кон НАТО предводените операции, стои во соопштението од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната