Актерката Дакота Фенинг ќе ја игра малолетната љубовница на Ерол Флин во филмската биографија за последните години од животот на филмската легенда.
Филмот „The Last Of Robin Hood” ќе се фокусира на контроверзниот однос меѓу Флин и тинејџерската актерка Беверли Адланд, која беше со него кога почина во 1959, на 50-годишна возораст.
Флин беше оженет со актерката Патрис Вимор се до својата смрт, но откако ја одбра Адланд да игра во неговиот последен филм „Cuban Rebel Girls” започна врска со неа.
Улогата на Флин ќе ја толкува Кевин Клајн. Сузан Сарандон ќе ја игра улогата на мајката на Беверли, која во 1961 година ја напиша книгата „The Big Love” за односот на Флин со нејзината ќерка.