Инфосесии за потпрограмите на „Креативна Европа“ во пет општини

Од:

Инфосесии за потпрограмите Култура и МЕДИА на програмата на Европската унија „Креативна Европа“ во наредните денови ќе се одржат во Куманово, Битола, Тетово, Струмица и Охрид.

Како што соопшти Агенцијата за филм на РМ, утре од 11 часот инфосесија ќе се одржи во Занатски дом Куманово, на 12 јули од 12 часот во Завод и музеј Битола, на 13 јули од 13.30 часот во сала на Општина Тетово, на 16 јули во Домот на АРМ во Струмица од 20 часот.

На 20-ти и на 21 јули во Охрид ќе има три активности – во салата на Општината на 20 јули од 11 часот ќе се одржи инфосесија за „Креативна Европа“, потпрограма Култура, категорија: Проекти за соработка. Тој ден на Филмската академија Охрид во 13 часот ќе се одржи и конференција на тема „Важност на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на упешни МЕДИА проекти од регионот“, во соработка со канцелариите на „Креативна Европа МЕДИА“ на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Настанот се организира во рамките на првото издание на Beach Film Festival.

На Филмската академија во Охрид наредниот ден, 21 јули, од 12 часот ќе се одржат индивидуални консултации за претставници на македонскиот аудиовизуелен сектор со канцелариите на „Креативна Европа МЕДИА“ на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Закажувањето е на мејлот: [email protected].

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот