Спасените момчиња се добро, две од нив имаат проблем со белите дробови

Од:

Осумината момчиња кои беа спасени од пештерата во Тајланд се во добра ментална и физичка здравствена состојба, соопштија владини претставници. Тие биле подложени на медицински прегледи и две момчиња се лекувани поради проблеми со белите дробови. Според информациите, момчињата ќе бидат набљудувани во болница наредните седум дена.

Мисијата за спасување започна повторно утрово, со надеж дека нуркачите ќе ги извлечат останатите од групата. Четворица момчиња и нивниот тренер се се уште длабоко во пештерата. Тие се со доктор и со нуркачи кои се грижат за нив и доколку овозможат условите, сите деветмина ќе ја напуштат пештерата и операцијата конечно ќе заврши.

Акцијата започна во 10 часот по локално време со 19 нуркачи упатени кон пештерата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач