Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти утре ќе излезат на терен во увид на штетите врз земјоделските посеви во ресенскиот регион, што беше опфатен од денешното невреме.
Според првичните информации денешниот пороен дожд и град во ресенскиот регион предизвикал најголеми штети во село Јанковец, делови од селата Златари и Сопотско.
Проценките на штетите ќе ги врши Комисијата за проценка на штети, формирана во мај од Општина Ресен.
Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран утре во зависност од настанатите штети и површината што е опфатена.
По завршување на проценка на штетите на терен ќе следува постапка за обештетување.