Европската комисија денеска не сакаше да ја коментира оставката на Дејвид Дејвис, човекот што ги предводеше преговорите за Брегзит, излезот на Велика Британија од ЕУ.
Според дописничката на МИА од Брисел, портпаролот на Комисијата денеска изјави дека оваа институција, која ги води преговорите за Брегзит од страната на ЕУ, нема да ја коментира оставката и дека преговорите ќе продолжат со „добра волја помеѓу премиераката Тереза Меј и преговарачите на Велика Британија за да се најде договор“.
И покрај долгото инсистирање на новинарите денеска во Комисијата портпаролот на Маргаритис Схинас не додаде ништо повеќе на оваа изјава.
Според европскиот печат, оставката на Дејвис, на девет месеци пред излезот на земјата од ЕУ, е удар за премиерката Меј и ја ослабнува нејзината позиција не само во Велика Британија туку нејзината преговарачка позиција во ЕУ.
Владата на Велика Британија соопшти дека на местото на Дејвис е именуван Доминик Рааб, државен секретар за домување.
Велика Британија е предвидено да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, по референдумот одржан во 2016 година, но прво треба двете страни да се согласат како ќе функционира трговската размена меѓу Велика Британија и ЕУ што значи дека преговорите се далеку од нивниот крај.