ВИДЕО: Полицијата се уште трага по еден од тројцата напаѓачи на Никола

Од:

Полицијата се уште трага по еден од тројцата насилници кои пред десет дена до смрт го претепаа 21-годишниот Никола. Од МВР информираат дека случајот е расчистен за 24 часа и предаден на Обвинителството.

– Во врска со настанот од 29.06.2018, Министерството за внатрешни работи уште еднаш потсетува дека случајот е експресно расчистен, а за тоа соодветно ја информиравме и јавноста. Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Никола Саздовски почина денеска во болница. Надлежен јавен обвинител донесе наредба за вршење на обдукција за да се утврди од што точно починал. Саздовски беше дел од навивачката група „Комити“ од каде реагираа зошто напаѓачите се гонат за насилство.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он