Управата на „Џенерал моторс“ (ГМ) најави отворање на 2.630 работни места во Бразил, во „Гравитал индустри комплекс“, кој ќе го зголеми годишното производство од 230.000 на 380.000 возила.
Во фабриката на ГМ во Бразил каде се произведуваат шевролети „Селт“ и „Оникс“, ќе биде оформена и трета екипа за производство од 1.450 работници, илјада доставувачи и 180 вработени во административните работи.
Во соопштението не е наведен точен датум на отворање нови работни места.
Најавата уследи откако, поради заканите од штрајк во бразилскиот погон Сао Хозе дос Кампос, во саботата е одложена одлуката за гаснење на 750 работни места, а управата вети дека во него ќе инвестира 183 милиони евра