Москва: ЦИА да ги ажурира податоците за Русија, да го додаде Крим

Од:

Амбасадата на Русија во САД ја посоветува Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да ги ажурира податоците за Русија во својата Светска карта, со тоа што ќе ги додаде Крим и Севастопољ.

Советот на Руската амбасада уследи откако ЦИА пред фудбалскиот натпревар Русија – Хрватска на Твитер објави список со информации за Русија во „Светската книга на инфорации на ЦИА“ и во еден од твитовите ја објави картата на државата, а во друг твит основните статистички податоци – големина од 17.098.242 километри квадратни и 142,3 милиони жители.

– Честитката е прифатена (за квалификувањето на руската фудбалска репрезентација во четврт-финалето на Мундијалот). ЦИА, Ве молиме ажурирајте ја картата на Русија и статистиката: Број на жители – 146,9 милиони, површина 17.125.191 километри квадратни, се наведува во твитот на Руската амбасада.

Во еден од постовите објавена е и картата на Русија со Крим и податоците за бројот на жители и територијата.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје