Бразилски навивачи го каменуваа автобусот со кој фудбалската репрезентација се врати во земјата по настапот на Светското прванство во Русија.
Бразил беше елиминиран од Белгија во четвртфиналето и тоа очигледно некои од тамошните фанови не можат да го преболат.
Видеото што кружи на Интернет покажува како навивачите го сопреа автобусот и по него фрлаат камења и други предмети, а потоа полицијата реагира и ги растерува незадоволни фанови на „кариоките“.
Никој од членовите на стручниот штаб и фудбалерите не беа повредени, објавија бразилските медиуми.
Најмногу на удар од критичарите се најде Фернандињо поради автоголот и лошата игра на дуелот со Белгија кој Бразил го загуби со 2:1.