Фудбалерот на Англија, Џордан Хендерсон, е повреден и под знак прашалник е доведен неговиот настап во полуфиналето на Мундијалот против Хрватска.
Играч од средниот ред на Ливерпул има повредена задна ложа и до самиот дуел со Хрватите ќе работи под посебен режим.
Хендерсон на турнирот во Русија одигра четири натпревари (одмори против Белгија, бидејќи играше вториот тим), а на последниот натпревар против Шведска излезе од играта седум минути пред крајот.
Полуфиналето помеѓу Хрватска и Англија ќе се игра в среда со почеток во 20 часот на стадионот Лужники во Москва.