Втор јавен настан „Отворено владино партнерство“

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го организира вториот јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“.

Целта е да се презентира нацрт-акцискиот план за Отворено владино партнерство (2018-2020), изработен во соработка со граѓанските организации, да се создаде простор за дискусија меѓу граѓанските организации и владините институции за новите предлог активности кои произлегоа од консултативниот процес, како и да се финализира Акцискиот план за периодот 2018-2020 година.

Настанот ќе го отвори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а ќе зборуваат и генералната секретарка на македонското Собрание Цветанка Иванова и заменик-постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада