Акцијата за спасување на младите тајландски фудбалери и на нивниот тренер од поплавената пештера на северот на земјата за продолжи денеска. Во текот на вчерашниот ден извлечени се четири момчиња, односно вкупно осум во изминативе два дена, додека во пештерата останаа уште четири момчиња и нивниот тренер.
Денеска е 17-ти ден како групата е заробена во пештера, која во најголем дел е поплавена. Момчињата се оддалечени речиси четири километри од излезот, а повеќето од нив не знаат да пливаат. Во акцијата за спасување учествуваат нуркачи од различни делови на светот, како и тајландската војска и специјални единици. Акцијата ја отежнува силниот дожд.
13:52 – Сите 12 деца и тренерот се спасени од пештерата во Тајланд
Member of #ThaiCaveRescue operation tells CNN the 12th and final boy has emerged from the cave complex and now at field hospital. Waiting for news on the 25 year old coach, and the doctor & 3 Thai Navy Seals who have cared for the trapped team in the cave for more than a week
— Ivan Watson (@IvanCNN) July 10, 2018
Сите 12 деца и тренерот се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.
UPDATE: Twelfth person seen carried out of Thai cave on stretcher – @Reuters witness pic.twitter.com/xxWPF0tT8E
— Reuters Top News (@Reuters) July 10, 2018
13:40 – „Ал Џезира“: Последното дете и тренерот го поминаа најтешкиот дел од патот
На спасувачката акција и се наѕира крајот. Репортерот на „Ал Џезира“ јавува дека последното момче и тренерот стигнале до пештерата број три, што значи дека го минале најтешкиот дел од патот.
12:30 Единаесет деца извлечени досега
Eleventh boy pulled from cave
An eleventh boy has been brought out of cave and taken to an on- site medical facility, an eyewitness who is part of the rescue operations stationed at the entrance of the cave tells CNN.
One boy and his coach remain inside.#ThaiCaveRescue
— Ivan Watson (@IvanCNN) July 10, 2018
Вкупно 11 деца досега се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.
Во пештерата засега останува едено дете, тренерот и уште четири лица.
11:38 CNN – Десет деца извлечени досега
Уште две момчиња денеска се извадени од пештерскиот комплекс во северен Тајланд, на третиот ден од спасувачката операција.
Boy number 10 brought out of cave
A 10th boy has been brought out of the cave and at the medical facility on site an eyewitness who is part of the rescue operations stationed at the entrance of the cave tells CNN.
Two boys & their coach remain inside.#ThailandCaveRescue
— Ivan Watson (@IvanCNN) July 10, 2018
11:34 – Спасено уште едно дете од пештерата во Тајланд
A Thai Navy official & a member of rescue operation tell CNN a 9th boy had been brought out of the cave complex #ThaiCaveResue
— Ivan Watson (@IvanCNN) July 10, 2018
Уште едно момче денеска е извадено од пештерскиот комплекс во северен Тајланд, на третиот ден од спасувачката операција.
11:30 – Премиерот на Тајланд се фотографираше со роднините на децата
Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча се фотографираше со роднините на момчињата кои се заглавени во пештерата.
11:26 – Холивуд подготвува филм за спасувачката акција, продуцентите пристигнаа во Тајланд
Мајкл Скот и Адам Смит пристигнаа на Тајланд, каде во тек е спасувачката акција на децата кои со недели беа заглавени во пештера.
Би-Би-Си пренесе дека продуцентите веќе разговараат за можен филмски проект. Тие очекуваат дека на местото на настанот ќе пристигнат и други продукции, па велат дека мора да бидат брзи.
11:09 – Се подготвува храна за спасувачите
Chefs’ Association of Chiang Rai is cooking what they called “last meal for Seals”. The dish called “Klua Kling” spicy stir-fry minced pork, a popular Southern dish. #ThaiCaveResue #ThaiCaveBoys #thamluang @safimichael pic.twitter.com/Z4htYF4paj
— veena T. (@veen_th) July 10, 2018
10:50 Пораки за тренерот на социјалните мрежи – некои го осудуваат, други го бранат
Акапол Чантавонг, 25-годишниот фудбалски тренер кој ги поведе 12-те момчиња во пештерата, за некои е главниот виновник за оваа несреќа, меѓутоа на социјалните мрежи многумина од Тајланд и другите делови од светот застанаа во негова одбрана.
Тие му даваат заслуга за тоа што момчињата се добро и по 15 дена поминати во пештерата.
„Со 25 години, овој тренер и самиот се уште е дете. Очигледно е дека бил голема инспирација за момчињата чијшто морал не опадна и покрај сето она низ кое што поминаа. Голема почит за тренерот“, напиша еден од корисниците на социјалната мрежа.
Ekapol Chanthawong lost his whole family as a kid. He trained as a monk & then devoted his life to helping coach kids. He kept 12 children alive in a cave without food or light for 9 days. He will be last to leave tomorrow & is only 25. Remember him! #ThaiCaveRescue #Hero pic.twitter.com/yWzn2k1dJ4
— Asjad Nazir (@asjadnazir) July 8, 2018
09:38 – Спасените момчиња се добро, две од нив имаат проблем со белите дробови
Осумината момчиња кои беа спасени од пештерата во Тајланд се во добра ментална и физичка здравствена состојба, соопштија владини претставници.
10:43 Дождот ја отежнува акцијата
Дождот паѓа во текот на целата вечер, поради што се стравува дека одредени делови од пештерата се наполниле со вода.
09: 55 Илон Маск ја донесе подморницата – „Би можела да послужи во иднина“
Американскиот претприемач Илон Маск преку социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека се наоѓа во Тајланд со прототипот на мини-подморницата, кој ако не сега, би можел да послужи во иднина.
„Само што се вратив од пештерата Три. Мини-подморницата е подготвена доколку има потреба. Направена е од ракетни делови и наречена „Дива свиња“ по името на фудбалскиот клуб за кој тренираат децата. Ја оставам во случај да најде корист во иднина“, напиша Маск, којобјави и видео-снимка од симулацијата на движење на подморницата низ пештерата.
Претходно, шефот на спасувачката мисија ја одби помошта на американскиот претприемач.
09:51 Момчињата не смее никој да ги гушка и допира додека се во болница
По спасувањето, момчињата мораат да подлежат на прегледи, пред да се прегрнат со нивните семејства.
„Нема прегратки и допири се додека не се направи крвна слика што ќе покаже дали децата имаат некоја инфекција или не. Особено неопходно е да се испита дали се здобиле со бактерии кои можат да се пренесат преку земја или вода. Постои ризик децата да добијат треска и инфекција на белите дробови“, изјави тајландскиот службеник за здравство, пренесе „Гардијан“.
09:36 – Ни недостасува домот, велат децата извлечени од пештерата во Тајланд
„Ни недостасува домот“, рекоа момчињата кои истакнаа дека се среќни, пренесе Би-Би-Си.
08:40 – Родителите ги виделе спасените деца
Секретарот на Министерството за здравство на Тајланд, Џедсад Чокдумронгсук изјави дека родителите ги виделе децата низ заштитното стакло, бидејќи се уште се на прегледи, за да се утврди дали некое од нив има инфекции.
„Децата се фудбалери, имаат силен имунитет. Сите се весели и среќни што ќе излезат, но секако мора да ги провери доктор“, рече секретарот, додавајќи дека во болница ќе останат и до седум дена.
HAPPENING NOW: Third rescue mission is now underway to save the five remaining people trapped in a cave in Thailand https://t.co/henS8wgCgh pic.twitter.com/iv2cowqijL
— CBS News (@CBSNews) July 10, 2018
08:30 – Обновена спасувачката операција во пештера во Тајланд
– Во третиот ден од операцијата ќе бидат извлечени останатите четири момчиња и нивниот тренер по фудбал, изјави шефот на спасувачката операција Наронгсак Осатанакорн.
08:10 – Шефот на спасувачката мисија ја отфрли помошта на Илион Маск
Шефот на спасувачката мисија ја одби помошта на американскиот милионер, Илион Маск, кој пред неколку дена дизајнираше мала подморница, со чијашто помош децата би тебало да се спасат лесно и брзо.
Rescue Chief on @elonmusk Submarine: “Although his technology is good and sophisticated it’s not practical for this mission” @heldavidson #thanluangcAve
— michael safi (@safimichael) July 10, 2018
„Иако неговата технологија е добра, тоа не е добро за оваа мисија“, рече Наронгсак Осатанакорн, кој моментално ја координира мисијата.
07:20 – Деветнаесет членови на спасувачката екипа влегоа во пештерата
Шефот на спасувачката мисија изјави дека 19 членови на спасувачкиот тим влегле во пештерата.
BREAKING: “We expect that everybody will be out today, the children and coach and everybody will be out today”, says Mission Commander #ThamLuangCave #TenNews pic.twitter.com/xzpkzNXxZO
— Daniel Sutton (@danielsutton10) July 10, 2018
Тој изрази надеж дека дека денешната спасувачка акција ќе помине брзо. Истовремено објавено е дека резултатите од медицинските прегледи на досега извлечените момчиња ќе бидат познати за 24 до 48 часа.
07:19 Започна третата фаза од спасувачката акција
Започна третата фаза од операцијата за спасување на четирите момчиња и нивниот тренер од пештерата на северот во Тајланд. Официјалните лица наведоа дека сите ќе бидат извлечени во текот на денот.
09. јули 2018
16:15 – Акцијата за извлекување на децата од пештерата во Тајланд прекината за денеска
Акцијата на спасувачките екипи за извлекување на децата и нивниот тренер, кои повеќе од две недели се заглавени во една поплавена пештера во Тајланд, е завршена за денеска и таа ќе продолжи утре, јави Си-Ен-Ен.
14:23 – CNN: Осум деца извлечени досега од пештерата
Од пештерата во Тајланд, денеска се извлечени уште четири деца, со што бројката на спасени изнесува осуммина, заедно со четворицата нивни другари кои беа евакуирани во текот на вчерашниот ден.
8th boy rescued from the Thai cave
BREAKING: An 8th boy has been rescued from the Thai cave as operations to free the youth soccer team continue. Four boys and their coach remain inside the cave. Live updates: https://cnn.it/2KMA4bC
Posted by CNN on Понеделник, 09 јули 2018
12:18 – Извлечено уште едно дете од пештерата во Тајланд, тврдат очевидци
Си-ен-ен објави дека е извлечено уште едно, петто по ред, дете од пештерата во Тајланд.
Breaking: Fifth boy saved from Thai cave
BREAKING: A fifth boy has been rescued from a cave in Thailand — the first after operations resumed on Monday, eyewitness says.Latest updates: https://cnn.it/2KKMOiA
Posted by CNN International on Понеделник, 09 јули 2018
Телевизијата објави дека член на спасувачкиот тим рекол дека едно момче било видено на носилка пред влезот на пештерата во 16.27 часот по локално време. Оваа информација не е потврдена.
11:00 – Уште едно момче ќе биде извлечено за четири часа, тврдат тајландските власти
Според информациите, нуркачите влегле во пештерата, а се очекува следното момче да го извлечат за околу четири часа.
10:25 – Продолжи спасувачката акција на Тајланд
На Тајланд денеска продолжи операцијата за спасување на децата од пештерата, каде се заглавени веќе две недели.
Во пештерата има уште осум деца и нивниот тренер.
09:04 – ВИДЕО: Маск тестира подморница за спасување на децата од пештерата во Тајланд
Компанијата на милијардерот Илон Макс тестира подморница за деца, која би можела да се искористи за спасување на децата заглавени во пештера на Тајланд.
08. Јули 2018
19:20 – Радост кај мајката на едно од спасените деца
Мајката на Монгкол Бунпијам, едно од четирите деца кои се ослободени од пештерата во Тајланд кажа дека е пресреќна бидејќи нејзиниот 14-годишен син конечно го здогледал светлото на денот. Таа заедно со другите родители ноќта ја помина пред пештерата чекајќи добри вести.
– Само го слушнав неговото име, Монгкол и бев пресреќна. Не знам што ќе му кажам, само да го видам, рече таа за британски „Гардијан“.
17:02 – Почнаа силни врнежи во Тајланд
Неколку минути по завршувањето на прес конференцијата на спасувачкиот тим, во Тајланд почна да паѓа силен дожд.
16:20 – Акцијата прекина порано од планираното
Акцијата траеше десет минути помалку од главната проба.
15:55 – Спасувањето продолжува утре
На прес конференција, гувернерот на областа Чианг Раи кажа дека децата се во одлична здравствена состојба, како и тоа дека акцијата е поуспешна од очекуваното. Тој потврди дека се извлечени четири деца, а операцијата според него ќе продолжи за 10 до 12 часа.
15:45 – Извлечените деца упатени на здравствени прегледи
Четирите деца по извлекувањето веднаш беа однесени во болница за да бидат прегледани. Како што пренесуваат локалните медиуми, здравствената состојба на едно од децата „внимателно се анализира“.
15:39 – Трамп ја следи акцијата
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека САД соработуваат со владата на Тајланд за да се спасат децата од пештерата. Тоа е негово прво обраќање за драмата на Тајланд која светот ја следи со внимание.
The U.S. is working very closely with the Government of Thailand to help get all of the children out of the cave and to safety. Very brave and talented people!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 8, 2018
15:16 – Извлечени се четири деца
Тајландските „фоки“ кои учествуваат во спасувањето на својот Фејсбук профил објавија дека се спасени четири деца, што значи дека првата група е веќе извлечена од пештерата.
15:03 – Семејство се моли за спасување на нивното дете
Семејството на 14-годишниот Нутавута Такумсонха се моли за негово спасување и безбедно враќање. Тие најавуваат дека кога ќе се врати ќе го прослават тоа како негов втор роденден. Неговата баба Ванкаев Пакхума вели дека и олеснало дека децата се пронајдени, но и понатаму е многу загрижена за нивната судбина.
The family of 14-year-old Nuttawut Takumsonh r praying 4 their boy’s safe return, & say they first thing they’ll do when he’s out is throw a birthday party 4 him. His grandmother has been praying at a shrine in their home, waiting for him to come back safely. #ThaiCaveRescue pic.twitter.com/mFw95cV9YV
— Parthiban (@itsparthiban) July 8, 2018
14:20 – Прв од пештерата е извлечен Адул
Ambulance just left with sirens pic.twitter.com/KUJi7nBUaE
— Helier Cheung (@HelierCheung) July 8, 2018
Детето кое прво извлечено од пештерата се вика Адул, пресуваат тајландските медиуми.
And it begins. First boy out #ThaiCaveRescue #ThaiCaveBoys pic.twitter.com/sPOIctYdBB
— DC (@davycopeland) July 8, 2018
14:06 – Потврдено: Две деца извлечени од пештерата
Првите две деца извлечени се на површината по две недели поминати во пештерата.
#ThaiCaveRescue you will make out boys! The world is with you.
.
Adul (first one that will be out) is the one on the far right top corner smiling in white shirt pic.twitter.com/bL0e64lOQF— Sónia (@Soniacurl) July 8, 2018
– Двете деца се веќе надвор. Тие се во теренската болница во близина на пештерата, рече Тосатп Бонтомг, член на спасувачката екипа.
WATCH: BBC footage of ambulance leaving cave site amidst reports first boys from trapped football team have been rescued #thamluangcave #thamluang #ถ้ำหลวง #13ชีวิตติดถ้ำ #13ชีวิตรอดแล้ว #พาหมูป่ากลับบ้าน #ThailandCaveRescue pic.twitter.com/qu441ZuiJH
— Howard Johnson (@Howardrjohnson) July 8, 2018
12:52 – Опасен пат до површината
Талјандската новинска агенција објави нов графички приказ на акцијата за спасување на кој јасно се гледа како децата ќе бидат извлечени на површината. Патот е тежок и опасен.
ปฏิบัติการพาหมูป่าออกถ้ำหลวง โดยให้ซีล 2 คน ประกบ 1 คน หน้า-หลัง มีเชือกนำทาง ซึ่งเด็กจะสวมหน้ากากดำน้ำแบบเต็มหน้าและใส่ชุดเว็ทสูท ต้องเจอกับเสี่ยงทั้ง กระแสน้ำ ความคดเคี้ยวถ้ำ-คอขวด และอุปสรรคใหญ่ คือจุดน้ำลึกสุด 5 ม. คาดใช้เวลา 11 ชม. เข้า 6 ชม. ออก 5 ชม. #พาทีมหมูป่ากลับบ้าน pic.twitter.com/gVGpwwro3q
— สำนักข่าวไทย อสมท (@TNAMCOT) July 8, 2018
12:25 Се зависи од времето
These are just some of the helicopters standing by to fly out the 13 “Wild Boars” youth football team to the next hospital if necessary, as divers are beginning their extraction out of the #ThamLaung since earlier this morning. pic.twitter.com/QuPN3HhjIr
— Saksith Saiyasombut (@SaksithCNA) July 8, 2018
Рафаел Ароуш, израелски нуркач кој живее во тајланд и кој е вклучен во акцијата за спасување, вели дека времето е „јак фактор“ и дека е „навистина страшно“. Според неговите зборови, во пештерата има многу јаки водени струи, водата се влева од сите можни страни, а „временските прилики можат да ја уништат целата акција“.
– Брзината е многу, многу важна, вели тој.
11:35 – Тренерот напиша порака со извинување
Coach Ekkapol Chantawong (left) is among the last 3 including 2 boys to be escorted by divers out of flooded #ThamLuang cave: Rescue authorities. #D-Day
File photo @ThaiSEAL FB page pic.twitter.com/xhG3V48Hhg
— Bangkok Post (@BangkokPostNews) July 8, 2018
Тренерот кој ги одведе децата во пештерата на родителите им испрати пишана порака со извинување.
– Драги родители, сите деца се добри, спасувачкиот тим внимава на нас. Ветувам дека ќе се грижам за сите деца. Благодарам на сите што помагаат, напиша тој.
11:13 – Поглед внатре во пештерата
Британската телевизија Би-Би-Си објави снимка на внатрешноста на пештерата, а нивниот извеестувач ги сподели впечатоците со гледачите. Според зборовите на специјалниот известувач, во пештерата е „темно, влажно и многу клаустрофобично“.
10:58 – Графички приказ на акцијата
Thai government releases graphic about #thamluangcaverescue . Full face masks; 2 divers accompanying 1 boy; guided by rope. When facing a very narrow path, they will release the tank from back and slowly roll tank & guide the boy through. They walk from Chamber 3 to mouth of cave pic.twitter.com/pLUKa8lHfd
— Nick Beake (@Beaking_News) July 8, 2018
Талјандската влада објави графика на која е прикажано како децата кои не знаат да пливаат, ќе бидат извлечени на сигурно. Со секое дете ќе има по двајва нуркачи.
Децата ќе носат маски за лице и ќе бидат наведувани низ премините со јаже. Кога ќе стигнат до тесните тунели, нуркачите ќе ги тргнат боците со кислород и полека ќе ги префрлат за да можат да ги наведуваат децата безбедно да поминат.
10:50 Започна акцијата за спасување на децата во Тајланд
Акцијата за извлекување на 12 деца и нивниот тренер од пештерата во Тајланд почна околу 10 часот по локално време.