Министерот Димитров на Самит за Западен Балкан во Лондон

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе учествува на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон под покровителство на британската премиерка Тереза Меј.

Конференцијата, како што информира денеска МНР, се организира во рамките на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и петте земји-членки на ЕУ – Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија.

Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.

Покрај политичката и економската агенда на Самитот на Берлински процес, оваа година во Лондон, се вклучува и темата за безбедност.

Во рамки на програмата на Министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.

На маргините на Самитот во Лондон, МНР Димитров, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан во вторник ќе имаат воведно излагање во Чатам Хаус, Британскиот кралски институт за меѓународни односи, на панел дискусијата „По Берлинскиот процес – иднината на регионот во следната декада“, посветена на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија