Штип изготвува нов Генерален урбанистички план

Од:

Штипското претпријатие „Штип проект“ во наредните седум месеци ќе работи на изготовка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП).

Директорот на ЈП „Штип проект“, Александар Шумански вели дека на изработката на новиот ГУП ќе работат 15 експерти од различни области, кои треба да ги дадат насоките за развој на градот за наредните 10 години.

– Морам да кажам дека новиот Генерален урбанистички план е проширен и зафаќа површина од 2.300 хектари. Во него ќе имаме нови сообраќајни решенија за градот, а исто така и насоки каде треба да се шири градот во делот на инфраструктурата и изградбата на нови станбени објекти, изјави Шумански.

Забележа дека со изготовката на овој значаен документ на општината ќе и се овозможи побрзо и полесно да одговари на барањата на инвеститорите, кои сакаат да градат.
Општина Штип во изготовката на новиот ГУП ќе инвестира околу 70.000 евра.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена